Утрински Весник
Македонија

Извадени од фиока сите предмети водени против Мерко, извештајот како постапувале обвинителите сѐ уште се работи

Транспарентното Обвинителство занемува кога треба да одговара за Мерко – четврти ден игнорирање
Dik 300x250 mk

Увидите во предметите кои се воделе против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко од струшкото Обвинителство, Вишото јавно обвинителство-Битола и Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е завршен. Се проучуваат и анализираат сите дејствија кои се преземени.

dobivaj vesti na viber

„Притоа, заради обемноста на преземените дејствија и сложеноста, дел од предметите се уште детално се проучуваат и се анализираат. По завршувањето на проверките, Комисијата ќе изготви извештај со насоки за постапувањето во конкретните предмети“, велат од Обвинителството.

Изминатите денови, Обвинителството е мета и на силни критики од правната фела. Дел од коментарите се во насока дека Обвинителството делува кога извршната власт ќе им даде знак.

„Макфакс“ објави дека по дваесет години седење во државна фотелја, правосудните институции во Македонија не најдоа незаконско постапување кај струшкиот градоначалник Рамиз Мерко од ДУИ. Стејт департментот го стави на црната листа поради корупција, а струшкото Обвинителство отфрли девет од дванаесет кривични пријави, во кои имаше и вакви наводи.

Предметите против Мерко во Обвинителство со години тапкаат во место – го пријавувале граѓани, адвокати, Финансиската полиција.

Минатата недела контроли во судот во Струга почна и Судскиот совет.

Можете да прочитате

МВР: Лажни дојави за бомби во 45 училишта во Скопје и Куманово

Арсовска до Мицкоски: Кој ќе го исчисти градот сега, диктатору?

Мицкоски: Без разлика на етничката, верската и политичката припадност, на 2 ноември да се обединиме во Кичево