Утрински Весник
Свет

Израелските тенкови влегоа подлабоко во Рафа

Izrael Vosjka.jpg

Израелските тенкови влегоа подлабоко во западниот дел на Рафа во едно од најтешките бомбардирања во текот на ноќта од воздух, копно и море, принудувајќи многу семејства да ги напуштат своите домови и шатори во темнина, изјавија жителите на градот за Ројтерс.

Жителите рекоа дека израелските сили напредуваат кон населбата Ал-Маваси во близина на плажата, која е означена како хуманитарна зона во сите израелски воени соопштенија и мапи од почетокот на офанзивата во Рафа во мај. Израелската армија негираше дека извршила какви било напади во областа.

Израел тврди дека неговата цел е да ги уништи последните преостанати борбени сили на Хамас во Рафа, град кој прими повеќе од еден милион бегалци. Повеќето од овие луѓе сега се преселија на север кон Хан Јунис и Деир Ал-Балах во централниот дел на Појасот Газа.

Израелската војска соопшти дека продолжува со „таргетираните операции засновани на разузнавање“ во Рафа. Во изминатите 24 часа, војниците открија оружје и убиле палестински милитанти во блиска борба.

Во последните 24 часа, израелската војска погоди 45 цели од воздух низ Појасот Газа, вклучувајќи воени структури, милитантни ќелии, ракетни фрлачи и тунели.

Во меѓувреме, продолжуваат напорите да се постигне прекин на огнот, со посредство на Катар и Египет поддржани од САД.

Хамас го поздрави новиот предлог на САД за прекин на огнот, но со одредени измени, нагласувајќи дека договорот мора да обезбеди крај на војната и целосно израелско повлекување од Појасот Газа, што Израел продолжува да го отфрла.

Можете да прочитате

Грција воведува 6-дневна работна недела

1.300 аџии починаа на аџилак во Мека

Жена била нападната од волци додека џогирала во сафари-парк во близина на Париз