Утрински Весник
Свет

Израелски напади врз јужен Либан: 50 загинати, 300 ранети

Liban Napad 1 800x513 1.jpg

Министерството за здравство на Либан соопшти дека најмалку 50 луѓе се убиени, а повеќе од 300 се ранети, вклучително и деца, жени и медицински работници, во насилните израелски напади врз јужен Либан. Ова се најмоќните воздушни напади против Хезболах од војната меѓу Израел и исламистичката милитантна група во 2006 година.

„Според првите бројки, 50 луѓе загинаа, а повеќе од 300 се повредени во израелските напади врз локалитети и села на југот“, се вели во соопштението на Министерството и додаваат дека меѓу нив има деца, жени и работници на итната служба.

Израелците ги предупредуваат Либанците да се оддалечат од позициите на Хезболах

Израелската армија денеска почна нови напади врз позициите на Хезболах во Либан откога откри дека проиранската група се подготвува да го нападне Израел, изјави портпаролот на израелската војска. Тој ги повика либанските жители да се држат настрана од тие места.

Жителите на јужен Либан исто така добиле предупредувачки повици од либански број веднаш да се оддалечат 1.000 метри од позициите што ги користи либанската вооружена група Хезболах, изјави репортер на „Ројтерс“.

Видео од нападот погледнете со клик ОВДЕ.

Можете да прочитате

Драма на аеродромот во Анталија, авион се запали – евакуирани 79 патници

Сибиха бара партнерите да и обезбедат на Украина системи за пресретнување на ракетите Орешник

Будистички манастир под истрага: 41 тело откриено во Тајланд