Утрински Весник
Свет

Израелски доселеници убиле еден и раниле тројца Палестинци во Витлеем

Zapaden Breg.webp.webp

Израелски доселеници убиле еден Палестинец и раниле уште тројца во Витлеем на Западниот Брег, додека други пет биле убиени во израелски напад врз бегалскиот камп Нур Шамс во близина на градот Тулкарм, соопшти палестинското Министерство за здравство.

Израелската војска одговори дека нејзините авиони нападнале оперативен центар на милитантите во кампот и дека војниците ги блокирале рутите и вршат претреси на Западниот Брег по извештаи за киднапирање.

Палестинците редовно ги обвинуваат израелските безбедносни сили дека стојат на страна и дозволуваат групи насилни доселеници да ги напаѓаат нивните домови и села.

САД и голем број европски земји воведоа санкции за насилните доселеници и постојано го повикуваат Израел да направи повеќе за да ги спречи нападите.

Покрај ескалацијата на нападите на доселениците, судирите со израелската војска на Западниот Брег нагло се зголемија од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас во Газа минатата година, бидејќи израелските сили ги зајакнаа операциите против вооружените милитантни групи, вклучувајќи ги Хамас и Исламски џихад поддржани од Иран.

Од друга страна, официјални израелски податоци покажуваат дека најмалку 30 Израелци, цивили и војници, се убиени од Палестинците во Ерусалим и на Западниот Брег во истиот период.

Можете да прочитате

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната

Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата