Утрински Весник
Свет

Израелска армија: Цивилите да се евакуираат од градот Газа кон југ

Gaza Izrael.jpg
Dik 300x250 mk

Израелската армија утрово ги повика палестинските цивили да се евакуираат кон југ од градот Газа, каде што израелските трупи се обидуваат да ги освојат преостанатите упоришта на палестинската милитантна група Хамас и на крајот да го освојат градот.

Израелската армија, исто така, објави дека воспоставува нови хуманитарни зони во Кан Јунис на југот од Појасот Газа, додека ги интензивира напорите за освојување на градот Газа, објави „Тајмс оф Израел“.


Зоната ќе вклучува теренски болници и водна инфраструктура, заедно со постојано снабдување со храна, шатори, лекови и медицинска опрема, координирано преку COGAT со ОН и други меѓународни организации, се вели во соопштението на израелската армија.

Можете да прочитате

Мајка ми не е маж, вели ќерката на Брижит Макрон

Половина од светот остана без интернет

Под урнатата зграда во Турција има две жртви, кучиња трагаат по останатите три лица кои се уште се живи