Утрински Весник
Свет

Израелка со македонско потекло е ослободена по 477 дена минати во заробеништво

Zaloznicka.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Израелка со македонско потекло, беше ослободена од Хамас и вратена во Израел, по 477 дена поминати во заробеништво. Наама Леви беше дел од групата четири заложнички кои вчера беа ослободени, а нејзиното спасување ја трогна целата земја.

Леви, која беше киднапирана на 7 октомври 2023 година при нападот на Хамас во Израел, конечно се врати дома благодарение на напорите на израелските власти и поддршката од меѓународната заедница.


„Знаевме дека овој момент ќе дојде. Не се сомневавме. Помина долго време. Очекувавме тоа да се случи и претходно. Но, ова е тоа, тие се враќаат дома“, вели роднина на ослободената заложничка.
По ослободувањето, Леви и другите заложнички беа пренесени со хеликоптер на израелската армија, каде што први ги сретнале нивните најблиски роднини. На видеото што го објави израелската армија, Леви напиша на табла: „Конечно дома“, на англиски и хебрејски јазик.

Македонската врска на Леви потекнува од нејзината чукун баба, Грасиа Бивас, која била родена во Македонија во 1893 година. Баба Бивас, како девојче заминала во Израел, каде што основала семејство и оставила наследство.

Можете да прочитате

Во Русија разбиена мрежа на печатници кои фалсификувале пасоши и други документи

Јапонија планира рекорден буџет за одбрана во услови на големи тензии со Кина

Папа Лав Четиринаесетти: Доста беше војна во Украина, сега Москва и Киев нека разговараат