Утрински Весник
Спорт

Израелецот Бахар од наредната сезона ќе ја предводи Црвена звезда

Израелецот Бахар од наредната сезона ќе ја предводи Црвена звезда

Тренерот на Макаби Хаифа, Барак Бахар, од наредната сезона ќе ја предводи Црвена звезда. Израелските и спрските медиуми тврдат дека двете страни постигнале договор, но Црвена звезда ќе мора да плати обесштетување бидејќи бахар има договор со Макаби до 2025 година.

dobivaj vesti na viber

Барак Бахар со Макаби Хаифа, сезоната, ја елиминираше Црвена звезда во плеј-офот за пласман во Лигата на шампионите. Во групата, Израелците успеаја да го победат Јувентус, но немаа шанси против Бенфика и ПСЖ.

Бахар со себе во Белград ќе ги донесе помошникот Гај Карфати, тренерот за кондиција Дрор Симшон и тренерот на голманите Гај Вајсингер.

Црвена звезда ќе го плаќа тренерот 1.000.000 евра по сезоната.

Според последните информации, Црвена звезда нуди 600.000 евра како обештетување за тренерот, а доколку црвено-белите во двете сезони од предложениот договор стигнат до нокаут фазата од Лигата на шампионите, тогаш Макаби би добил бонус од уште 200.000 евра, пренесува израелски „Спорт 5“.

Во својата кратка тренерска кариера, 43. годишниот тренер досега има освоено дури десет трофеи во Израел, вклучувајќи и пет шампионски титули. Три пати беше шампион со Хапоел Беер Шева, а сега е на пат да го повтори тој успех и со Макаби Хаифа.

Можете да прочитате

Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ

ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ