Утрински Весник
Свет

Израел тврди дека убил висок член на Исламска држава во Газа

20250829213021 big 730x400 21.webp.webp
Dik 300x250 mk

Израелските сили убиле висок член на терористичката група Исламска држава во Појасот Газа, соопшти војската во петокот.

Мухамед Абд ал-Азиз Абу Зубаида бил убиен во напад врз областа Бурејџ во централниот дел на блокираната крајбрежна територија минатата недела, објави војската на Телеграм. Во Бурејџ се наоѓа бегалски камп.


Според војската, Абу Зубаида бил задолжен за палестинскиот огранок на групата, надгледувајќи ги политиката, планирањето и нападите во Појасот Газа, Западниот Брег и Синајскиот Полуостров.

Огранокот на Исламската држава во Газа, според соопштението, активно учествува во борбите против израелските трупи.

Можете да прочитате

ОН доставија над 24.000 тони хуманитарна помош во Газа од почетокот на прекинот на огнот

Мерц и Ердоган со спротивставени ставови за војната во Газа

Над 130 убиени лица во полициска акција во Бразил