Утрински Весник
Свет

Израел тврди дека нема масовна глад во Газа

Gaza 3.jpg

Израелска служба под надлежност на Министерството за одбрана објави нов извештај во кој се тврди дека „нема знаци за широко распространет глад“ во Појасот Газа, иако ОН со недели предупредуваат на ризик од „масовна гладна смрт“.

Службата „Когат“, одговорна за цивилната администрација на палестинските територии, тврди дека по детална анализа на податоците на Хамас за жртвите од неухранетост, е забележана „значителна разлика“ меѓу официјалните бројки и документите со целосна идентификација достапни во медиумите и на социјалните мрежи.


Министерството за здравство во Газа, под контрола на Хамас, тврди дека досега од глад починале 227 лица, од кои 103 деца. „Когат“ смета дека повеќето случаи биле лица со претходни здравствени проблеми, а не директно предизвикани од неухранетост.

Властите на Хамас денеска ги отфрлија наводите, нарекувајќи ги „очаен обид за прикривање на документирано меѓународно злосторство – систематскиот глад на населението“.

Од почетокот на војната на 7 октомври 2023 година, Израел воведе блокада на Газа, која во март стана целосна хуманитарна забрана за увоз, делумно олеснета во мај, а повторно заострена кон крајот на јули.

Можете да прочитате

Ужас во Австралија: Убиена е трудница со потекло од Балканот, партнерот е обезглавен и главата му е набиена на колец

ЕУ: Украина мора да има право сама да одлучува за својата иднина

Сијарто: Унгарија ја поддржува средбата Трамп-Путин, ЕУ се обидува да ја саботира