Утрински Весник
Свет

Израел соопшти дека врховниот лидер на Иран Али Хамнеи е убиен

Img 9085.jpeg

Висок израелски функционер изјавил за „Ројтерс“ дека врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, бил убиен во израелско-американските напади врз Иран. Информацијата засега не е официјално потврдена од иранските власти.

Во меѓувреме, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху упати јавен повик до иранските граѓани „масовно да излезат на улиците“ и да го соборат режимот. Во своето обраќање тој порача дека нападите претставуваат „шанса еднаш во генерација“ Иранците да се ослободат од, како што рече, „тирацијата“.


„Излезете масовно на улиците“ и „завршете ја работата“, изјави Нетанјаху, повикувајќи на обединување за, како што нагласи, „историска мисија“.

Од друга страна, иранските државни медиуми го цитираа раководителот на одделот за односи со јавноста во кабинетот на врховниот лидер, кој изјавил дека „непријателот прибегнува кон психолошка војна“ и дека јавноста треба да биде внимателна кон, како што наведе, „дезинформации“.

Ситуацијата останува неизвесна, а меѓународната јавност очекува официјални потврди или деманти од Техеран во наредните часови.

Можете да прочитате

Дрон го погоди аеродромот во Дубаи – Иран со нов бран напади

Ердоган предупредува на спирала од насилство, повика на итен прекин на огнот

Трамп за израелски новинар: Нападот може да трае со денови или подолго, на Иран ќе му требаат години да закрепне