Утрински Весник
Свет

Израел нема да прифати мировен план со две држави

Screenshot 2024 02 15 133021.png

Крајнодесничарскиот министер за финансии на Израел, Безалел Смотрич, ги отфрли плановите за формирање палестинска држава, велејќи дека Израел „на кој било начин нема да се согласи“ со тоа. Смотрич вчера на својот профил на „Икс“, објави слика од наслови од израелската веб-страница за вести Ynet, преведена како „извештај: САД промовираат сеопфатен план за формирање палестинска држава“. „На кој било начин нема да се согласиме со овој план, кој всушност вели дека Палестинците заслужуваат награда за страшниот масакр што ни го направија: палестинска држава со Ерусалим како главен град. Пораката е дека навистина се исплати да се масакрираат израелски граѓани. Палестинска држава е егзистенцијална закана за државата Израел, како што беше докажано на 7 октомври, Кфар Саба нема да биде Кфар Аза!“, напиша Смотрич на својот профил на „Икс“. Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен Гвир исто така напиша на „Икс“. „Убиени се 1.400 луѓе и светот сака да им даде држава. Тоа нема да се случи. Основањето на палестинска држава значи формирање на држава Хамас, напиша Бен Гвир, пренесува британски „Гардијан“. 

Можете да прочитате

Зеленски кажа дека Украина ќе го почитува велигденскиот прекин на огнот и повика тој да трае 30 дена

Огромни бранови во Австралија, пет лица се удавија, двајца исчезнати

За Зеленски велигденското примирје на Путин е нова манипулација