Утрински Весник
Свет
Img 7972

Израел нема да го отвори граничниот премин Рафах

Rafa 1.webp.webp
Dik 300x250 mk

И покрај најавите дека Израел денеска ќе го отвори граничниот премин Рафах помеѓу Појасот Газа и Египет, границата останува затворена.

Според неименуван израелски владин претставник во тек се подготовки за отворање на граничниот премин Рафах, но само за влез и излез на жителите на Појасот Газа.


Израелските власти вчера најавија дека граничниот премин ќе биде затворен, а хуманитарната помош ќе биде намалена бидејќи Хамас не ги предал телата на сите убиени заложници. Синоќа Хамас предаде уште четири тела.

Израелската телевизија Кан јави дека Израел одлучи да го отвори граничниот премин Рафах, да дозволи хуманитарна помош за енклавата и ги откажал планираните мерки против Хамас.

Можете да прочитате

Русија им предаде на САД декласифицирани советски документи за атентатот на Кенеди

Во Индија загинаа 20 патници откако се запали автобус

Сенатот на САД не го усвои законот за финансирање