Утрински Весник
Свет

Израел го бомбардираше нуклеарниот реактор во Арак и нуклеарната постројка во Натанц

20250619085648 big 730x400 61.webp.webp

Израелските воздухопловни сили утрово го бомбардираа иранскиот нуклеарен реактор со тешка вода во Арак во централен Иран, како и десетици други ирански воени локации во текот на ноќта, вклучувајќи го и главното место на нуклеарната програма во Натанц, соопшти израелската војска.

Во соопштението се вели дека бранот ноќни напади врз Иран вклучувал 40 борбени авиони кои испукале 100 ракети врз десетици ирански воени локации во Техеран и други делови од Иран, објави „Тајмс оф Израел“.


Се забележува дека нуклеарната постројка Арак била погодена утрово, вклучувајќи ја и структурата за задржување на реакторот, „клучна компонента во производството на плутониум“.

Меѓу целите погодени на други места во Иран во текот на ноќта беше и објектот Натанц, кој Иран го користи за развој на нуклеарно оружје, се вели во соопштението.

-Овој објект содржи уникатни компоненти и опрема што се користат за развој на нуклеарно оружје и проекти што овозможуваат забрзување на програмата за развој на нуклеарно оружје, се вели во соопштението.

Во него се вели дека израелските авиони, исто така, бомбардирале „објекти за производство на суровини, компоненти што се користат во склопувањето на балистички ракети и локации за производство на ирански системи за воздушна одбрана и ракети, како и ирански локации за воздушна одбрана, локации за складирање ракети и радари.

Претходно беше објавено дека Израел рано утрово нападнал област во близина на нуклеарниот реактор со тешка вода во Хондаб во централен Иран, кој е дел од нуклеарната програма на Иран. Иранските власти рекле дека објектот бил евакуиран пред нападот и дека нема ризик од зрачење.

Израелската војска ги предупреди Иранците да ја евакуираат областа на нуклеарниот реактор со тешка вода што се наоѓа на границата на градовите Арак и Хондаб во централен Иран за нивна безбедност, објави „Тајмс оф Израел“.

Реакторот со тешка вода се наоѓа на периферијата на Хондаб.

Војската во соопштението изјави дека работи во областа против иранската воена инфраструктура.

Истражувачкиот реактор е делумно изграден и претходно бил познат како Арак, а Техеран ја известил Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) дека планира да го започне објектот следната година.

Тешката вода помага во ладењето на нуклеарните реактори, но произведува плутониум како нуспроизвод што потенцијално би можел да се користи за производство на нуклеарно оружје.

МААЕ го повика Израел да не ги напаѓа иранските нуклеарни постројки.

Инспекторите на МААЕ, според извештаите, последен пат го посетиле Арак на 14 мај. 

Можете да прочитате

Шведскиот Парламент поддржа задолжување до 26,8 милијарди евра за зајакнување на одбраната

Трошоците за Самитот на НАТО во Хаг ќе изнесуваат милион евра по минута

Ирански медиуми: Главната цел на утринскиот напад врз Израел беше седиштето на Командата и разузнавачката служба на ИДФ