Утрински Весник
Свет

Израел ја нападна Сана додека лидерот на Хутите држеше говор

20250828203817 big 730x400 8 1.webp.webp

Израел денеска изврши напади врз Сана, главниот град на Јемен, додека лидерот на Хутите, Абдул-Малик ал-Хути, држеше говор, наведува израелскиот Канал 12, повикувајќи се на израелски извори.

Според извештаите, израелската авијација ја нападнала областа Ас-Сабаин во Сана, која вклучува претседателски комплекс и главниот воен камп на Хутите.


Израел потврди дека нападите биле насочени кон високи функционери на силите на Хутите.

Извор наведе дека елиминациите биле планирани уште на почетокот на неделата во рамките на претходниот бран напади, а дека одлуката за нивна реализација е донесена дури сега.

– Како што ги предупредивме Хутите во Јемен, кој ќе крене рака на Израел, раката ќе му биде отсечена, рече израелскиот министер за одбрана Израел Кац.

Високиот функционер на Хутите, Наср ал-Дин Амир, ги негираше тврдењата за напад врз високи функционери, обвинувајќи го Израел за напади врз цивилни цели поради поддршката на Јемен за Газа.

Тој додаде дека воените напори на Јемен и помошта за Газа ќе продолжат, освен ако не престанат нападите и блокадата на Газа.

Претходно, во неделата, израелски авиони нападнаа низа инфраструктурни објекти во Сана.

Според портпаролот на израелската војска, целите вклучувале воена база во која се наоѓа претседателската палата, електричните централи Асар и Хизаз, како и складиште за гориво, со цел да се наруши инфраструктурата на Хутите и нивните линии за снабдување. Според извештаите, во нападот загинале 14 лица, а повеќе од 50 се повредени, од кои некои се во тешка состојба.

Можете да прочитате

Истакнати Италијанки, вклучително и Мелони, жртви на онлајн скандал

Захарова: Гаѓаме само воени цели, украинската ПВО погодува цивилни објекти

Русија го поздрави апсењето на Украинец за експлозиите на Северен тек