Утрински Весник
Македонија

Измените на Законот за енергетика ќе го спречат поскапувањето на струјата

Struja.jpg

На заминувањето на власта на СДСМ и ДУИ се случува повторно ново поскапување на електричната енергија, со што директно се удира по стопанството и по буџетот на домаќинствата, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

-ВМРО-ДПМНЕ се грижи за стандардот на граѓаните и затоа поднесе Предлог закон за дополнување на законот за енергетика по скратена постапка, со кој ќе се спречи поскапувањето на цената на електричната енергија за најголем дел од домаќинствата, сега на почетокот на јули. Со оглед на тоа што универзалниот снабдувач од порано продолжува да ја врши истата услуга и во иднина, Регулаторна со измените треба само да му ја продолжи лиценцата, без да има дополнителни бирокартски процедури кои чинат пари и време и во исто време ќе се намали маржата од 11,5% на 9,9%. Овие промени но и оптимизацијата во работата на универзалниот снабдувач би ги заштитило граѓаните од поскапувања и со тоа дополнително загрозување на стандардот на граѓаните. Овие мерки кои сега ги предлага ВМРО-ДПМНЕ, пред формирањето на владата се во насока на заштита на интересите на граѓаните, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

По формирањето на владата ќе следи силна и посветена работа во областа на енергетиката, што би требало да резултира со намалување на цената на електричната енергија во следниот регулационен период од јануари 2025, како за домаќинството така и за стопанството, додаваат од партијата.

Можете да прочитате

Обвинителство нареди обдукција за починатата родилка

Малолетници од Штип живеат во вонбрачна заедница

Промена на времето со значителен пад на дневната температура