Утрински Весник
Македонија

Изменет сообраќаен режим на автопатот Требеништа – Мешеишта

Avtopat 1.jpg

СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.

„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.

Можете да прочитате

Трендафилов: Ако се срамат од сиромаштијата на својот народ, треба да зголемуваат плати

Епископот Никола е нов австралиско-новозеландски митрополит

Пратеничката група на СДСМ на состанок: Порачаа Владата да ги прифати законските решенија за намалување на цените