Утрински Весник
Скопје

Изменет режим на сообраќај во Скопје во сабота и недела поради митинзи

Sedishte Na Eu Vo Skopje.jpg

Поради одржување на митинг од изборната кампања за претседателските избори 2024 година на 21.04.2024 во 13.00 часот пред седиштето на Европската унија на ул.„Св. Кирил и Методиј” во Скопје, Единицата за безбедност  на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај на ул.„Св. Кирил и Методиј” почнувајќи од 19,00 часот на 20.04.2024 (сабота) до 21.00 часот на 21.04.2024 (недела). Притоа, за сообраќај ќе биде затворена ул.„Св.Кирил и Методиј” на потегот од крстосница со бул.„Кочо Рацин” до крстосница со бул.„Св. Климент Охридски”.

Исто така, на 21.04.2024 во 20.00 часот на плоштад „Македонија” во Скопје ќе се одржи  митинг од изборната кампања за претседателските избори 2024 година. Од тие причини, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје, а сообраќајот времено ќе се запира на сообраќајниците по кои ќе се движат учесниците на настанот.

За таа цел, МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвиваат настаните.

Можете да прочитате

Арсовска: Апелирам, Јавното обвинителство да не биде политички промотор на власта и да не биде инструментализирано како ПР на ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН

Скопје од 26 до 29 јуни ќе биде домаќин на Европското првенство во џудо за кадети

Водовод – Скопје најави стратешка и технички сложена интервенција за унапредување на водоснабдителниот систем