Утрински Весник
Македонија

Изменет режим на сообраќајот во Тетово – ќе се слави Денот на НАТО

20240316201153 big 730x400 26.webp.webp
Dik 300x250 mk

Денеска од 9 до 17 часот во градот ќе има изменет сообраќаен режим поради одбележување на Денот на НАТО и четири години полноправно членство на Република Македонија, најавија од СВР Тетово.

На градскиот плоштад пак ќе биде организиран настан од страна на Министерството за одбрана.

-По повод 17 март Денот на НАТО и четири години полноправно членство на Република Македонија во оваа организација, на Градскиот плоштад во Тетово ќе биде организиран, односно ќе се одржи техничко-тактички збор, чиј носител е Министерството за одбрана.Со цел непречено и безбедно да се одвива техничко-тактичкиот збор и сообраќајот во централното тетовско подрачје, СВР Тетово од 9 до 17 часот ќе воведе посебен сообраќаен режим. Одвивањето на сообраќајот на овие улици ќе го регулираат полициски службеници и до возачите се апелира целосно да ги почитуваат нивните наредби и насоки и да имаат трпение и разбирање за измените на сообраќајниот режим, информираат од СВР Тетово.

Можете да прочитате

МВР: Лажни дојави за бомби во 45 училишта во Скопје и Куманово

Арсовска до Мицкоски: Кој ќе го исчисти градот сега, диктатору?

Мицкоски: Без разлика на етничката, верската и политичката припадност, на 2 ноември да се обединиме во Кичево