Утрински Весник
Македонија

Изменет режим на сообраќај на автопатот во изградба Охрид-Кичево

Avtopat kicevo ohrid 1.jpg

СВР Охрид ја известува јавноста дека, поради поставување сообраќајна сигнализација и сообраќајна опрема на автопатот во изградба Охрид-Кичево, поставена е девијација на дел од делницата Песочани-Требеништа и Ново село-Ботун. Тука сообраќајот се одвива по левата коловозна лента гледано од правецот Кичево-Охрид.

Поради интензивирање на градежните работи, сообраќајот од раскрсницата „Петња-Распаќе” кај Охрид, до селото Подмољје, ќе се одвива по регионалниот (стариот пат) Охрид-Струга.


Апелираме до возачите на патнички и други моторни возила, на крајна внимателност при движењето на овие патни правци и доследно придржување до поставените сообраќајни знаци.  

Можете да прочитате

Д-р Јасмина Ѓорѓиевска: Брзата тријажа и навремената проценка на изгорениците беа клучни во првите часови по трагедијата во Кочани

Во вторник уште еден лет за евакуација на македонски граѓани од Блискиот Исток

Грозданов: Благодариме за секој живот што успеавте да го вратите од работ на бездната, Кочани ви благодари