Утрински Весник
Скопје

Изменет режим на јавниот превоз за новогодишните празници

Jsp.jpg

ЈСП Скопје соопшти дека за време на новогодишните празници ќе се применува изменет режим на сообраќање на автобусите, како и прилагодено работно време на билетарниците, центрите за персонализација и Жичницата. Според најавата, утре, 31 декември 2025 година, јавниот превоз ќе функционира според редовниот зимски возен ред. На 1 јануари 2026 година, автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред, при што првите поаѓања ќе бидат подоцна од вообичаеното, а останатите линии ќе се одвиваат согласно неделниот распоред.

Од петок, 2 јануари 2026 година, ќе стапи на сила редуциран делничен зимски возен ред, кој ќе важи до завршувањето на зимскиот училиштен распуст. Во однос на услугите за корисниците, утре шесте центри за персонализација, како и билетарниците на Зелено пазарче, Бутел пазар и во Ѓорче Петров ќе работат до 16 часот. Останатите билетарници ќе бидат отворени само во прва смена, до 14 часот. На 1 јануари дежурни ќе бидат центарот за персонализација во Транспортниот центар и билетарницата кај Жичницата, со работно време од 11 до 17 часот. Од 2 јануари, сите билетарници и центри за персонализација продолжуваат со редовното работно време. Жичницата утре ќе работи од 10 до 15 часот, додека на 1 јануари од 11 до 17 часот.

Последното возење во двата правци ќе биде во 16:30 часот. ЈСП Скопје објави и детален распоред на првите вклучувања на градските и приградските линии за 1 јануари 2026 година, со точно наведени термини за секоја линија и правец, како и посебен распоред за линиите што ги опслужуваат приватните превозници. Дел од линиите ќе започнат со работа од втора смена, а одредени линии нема да сообраќаат на празничниот ден. Од ЈСП апелираат граѓаните навреме да се информираат за распоредот и да ги планираат своите патувања согласно празничниот режим на сообраќај.

Можете да прочитате

Општина Аеродром бара работници за одржување јавна чистота

Се реконструира улицата ,,Светозар Марковиќ” во Центар

„Комунална хигиена“ во февруари собрала 11.000 тони комунален отпад