Утрински Весник
Македонија

Измамена гостиварка: останала без виза и без пари

Измамена гостиварка: останала без виза и без пари

Вчера во 13.30 часот во ОВР Гостивар, 32-годишна жителка на гостиварско село пријавила дека во текот на 2022 година била измамена од А.А.(31) од Тетово.

dobivaj vesti na viber

Според пријавеното, таа се запознала со А.А. преку посредници, а А.А. ѝ се претставила како вработена во странска амбасада.

Како што е пријавено, тие се договориле за сума од 1700 евра да ѝ обезбеди виза за една европска држава.

Исто така, според пријавеното, во септември 2022 година на А.А. ѝ дала 500 евра, додека останатиот дел, според договорот, требало да ги исплати нејзиниот сопруг.

Откако до 25.07.2023 работата не била завршена, таа сфатила дека била измамена и случајот го пријавила. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можете да прочитате

Закон предвидува 24 часа, но барање за одземање на имунитет на судијата се уште нема

Полицијата го опколи Батинци – потера по бегалец осомничен за две убиства

СДСМ: Мицкоски, домашната задача за ЕУ не се прави со „Ноќни волци“