Утрински Весник
Македонија

Измамен тетовец остана без 64.000 евра

Evra.webp.webp

МВР информира дека на 10. овој месец во СВР Тетово, 51-годишник од тетовско село пријави дека бил измамен од С.Р. и Б.Р. за сума од 64.000 евра.

Според пријавеното, по претходно склучен преддоговор со пријавените кај адвокат, И.М. на 16.06.2021 им ја исплатил целата договорена сума на сметка на второпријавената Б.Р., но после исплатата пријавените не дошле за склучување на договор за купопродажба, како што било претходно договорено, по што сфатил дека бил измамен.


Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, по што ќе следува соодветна пријава

Можете да прочитате

ВЛЕН: Невзат Бејта е наш кандидат за посилен Гостивар

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Венко Филипче

Со возило удрила скопјанка, ја однела во приватна болница и си заминала