Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Измама во Тетово: лекар злоупотребувал лични податоци на пациенти а адвокатот и уште едно лице му помагале во финансиската измама

Системот на Фондот за здравство се враќа во функција: Приоритет е исплатата на плати и боледувања
Img 7972

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.Б.(51) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“, „злоупотреба на лични податоци“, „фалсификување исправа“ и „помагање“ во врска со кривично дело „осигурителна измама“.

dobivaj vesti na viber

Кривична пријава е поднесена и против А.Н.М.(41) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“, „фалсификување службена исправа“, „поднесување лажни докази“ и „помагање“ во врска со кривично дело „осигурителна измама“ и против А.Љ.(29) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „посебни случаи на фалсификување исправи“ и „помагање“ во врска со кривично дело „осигурителна измама“.

Првопријавениот, во својство на лекар и раководител на Одделението за Трауматологија – Хирургија во Клинички центар Тетово, без согласност и знаење ги искористил личните податоци на шест пациенти и креирал медицински извештаи на име на лекари вработени во клиничкиот центар без одобрување и злоупотребувајќи ги нивните факсимили и системот мој термин, како и преку координирање и издавање на медицински извештаи со невистинита содржина.

Ваквите извештаи, како што соопшти полицијата, во посредство на третопријавениот А.Љ. биле доставени до второпријавената А.Н.М., која во својство на адвокат противправно изготвила полномошна на пациентите на кои тие не се потпишале и заедно со друга документација ги доставила до осигурителна компанија, врз основа на што на име обештетување на нематеријална оштета биле исплатени парични средства на жиро сметките на лицата во износ од 297.000 денари.

Средствата биле подигнати од третопријавениот, кој претходно успеал од нив да земе полномошно за подигање на паричните средства во филијала на банка во Тетово, без да им ја каже вистинската намера за изготвување на тие полномоштва.

Можете да прочитате

Мицкоски: Нема предавство со Бугарија!

Филипче од Јегуновце: Оваа власт е соголена од лагите кои самите ги ветуваа а не ги испорачаа

Филипче до Мицкоски: Никој тебе не те мрази, сите те презираат