Утрински Весник
Македонија

Измама тешка 160 000 денари: Уапсени тетовчани поради фалсификување на медицински извештаи

Denari.jpg

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Џ.(25) и Р.Џ.(22), двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „осигурителна измама“ и „поднесување на лажни докази“.

При вршење увид од екипа на СВР Тетово во врска со пријава за фалсификувани медицински извештаи, биле забележани медицинските извештаи од првопријавениот и второпријавената, кои не биле заведени во соодветни книги за заведување на сообраќајни незгоди, ниту во системот „Мој термин’’, а притоа истите извештаи биле предочени на лекарите чиј факсимил стоел на документот, по што лекарите се произнеле дека извештаите не се пополнети од нивна страна, ниту потписот е нивен. Од СВР Тетово била контактирана осигурителната компанија во врска со обештетувањето кое го добиле прво и второпријавените, од каде бил добиен одговор дека на 30.12.2021 преку адвокат до нив било доставено барање од прво и второпријавената за нематеријална штета, по што на двајцата им биле исплатени вкупно 160.000 денари.

Во изготвување на фалсификуваните медицински извештаи им помагало друго лице, а кое потоа им ги дало на првопријавениот и второ пријавената и на тој начин им помогнал да се стекнат со противправна имотна корист од 160.000 денари.

Можете да прочитате

Возилото било кај зградата на Вања три дена пред грабнувањето, вели сведокот на денешното рочиште

Следните неколку денови стабилно, па повторно промена и дожд

Молика стара 250 години уништена од силен ветер