Утрински Весник
Македонија

Изложба по повод Светскиот ден на лицата со инвалидност

20251201182116 big 730x400 35.webp.webp

По повод Светскиот ден на лицата со инвалидност – 3 декември, во „Порта Македонија“ денеска ќе биде отворена изложба на слики од XIV-тата Mеѓународна инклузивна ликовна колонија на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Северна Македонија – Мобилност Македонија, што од 9 до 15 октомври оваа година се одржа во Охрид, соопштија од Сојузот.

Изложбата закажана за 19 часот предвидено е да ја отвори министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани.

Изложените дела се изработени од академски сликари, академски сликари со телесен инвалидитет и талентирани лица со телесен инвалидитет од Македонија и земјите од регионот.

– Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Северна Македонија – Мобилност Македонија, низ годините зад себе, создаде традиција во организирање на ликовни колонии и ликовни изложби. Целта за организирање на ликовните колонии е да се поддржи и поттикне уметничкиот израз кај талентираните членови – лица со телесен инвалидитет, да создадат правилна перцепција за ликовните и естетските вредности, развивање на способност за препознавање и соодветно вреднување на уметничките изрази и појави од секојдневниот живот. Оваа колонија е единствена од овој вид во нашата држава, која покажа дека уметничкиот потенцијал не знае за поделби и попречености и дека нејзиното организирање има претензии да покаже и докаже дека креативните потенцијали на лицата со телесен инвалидитет се многу поважни од предрасудите дека техничката изведба е најважна, се посочува во најавата за настанот.

Можете да прочитате

За еден месец 101 санкции за непрописно вградени фолии

(Видео) Почна третото рочиште за пожарот во „Пулс“

„Ритамот на душата, бојата на традицијата“ концерт на „Танец“ во Националната Опера и Балет