Утрински Весник
Македонија

Излезноста на гласачите до 15 часот во споредба со изборите во 2019 година е поголема за 6.37%

Screenshot 2024 04 24 165154.png

Излезноста на претседателските избори до 15 часот, според податоците од Државната изборна комисија (ДИК) е 35.26%, што претставува зголемување од 6.37% во споредба со изборите во 2019 година. До овој временски период своето право за гласање го искорситиле 534.988 луѓе. Општина Новаци има најголема излезност од 57.69%, а во апсолутни бројки најмногу гласале во Аеродром – 29.852. Претходно во текот на денот, излезноста до 13 часот била 24.82%, а до 11 часот излезноста била 12.78%. Портпаролот на Министерството за внатрешни работи Тони Ангеловски на прес-конференција посочи дека не се регистрирани посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето кое генерално се одвива мирно и без проблеми.

Можете да прочитате

Левица со амандман бара 600.000 евра за обезбедување престој за жртвите на семејно насилство

Работна посета на МЕП Муртезани на Ирска

Во Загреб изложба на фотографии во чест на 50 години соло кариера на Влатко Стефановски