Утрински Весник
Македонија

Изгубен планинар на Пелистер – во тек е спасувачка акција

Sneg Planina.jpg

На подрачјето на Националниот парк Пелистер, во близина на локацијата позната како „Антена“, пријавен е изгубен планинар.

Лицето било телефонски достапно околу 10 минути, по што сигналот на мобилниот телефон бил изгубен. Потрагата првично била извршена со ратрак, но без успех.

Случајот е пријавен во СВР Битола и во Национален парк Пелистер – Битола, по што екипи веднаш се упатени на терен. Поради непристапниот терен и густата магла, од Ситуациониот центар биле побарани координати, при што биле доставени координати кои не одговараат на пријавената локација на планинарот.

Остварен е контакт со директорот на Националниот парк Пелистер, кој и самиот се наоѓа на терен. Тој стапил во комуникација со началникот на СВР Битола со цел обезбедување на точни координати за лоцирање на планинарот.

Акцијата за пронаоѓање и спасување на планинарот е во тек.


Можете да прочитате

Шест македонски државјани од Израел ќе бидат евакуирани со владиниот авион

За шест часа казнети 59 возачи во Тетово и Гостивар

ССМ повика на протест на 14-ти месецов