Утрински Весник
Скопје

Изгубен е Драган Јовевски од Скопје веројатно во Аеродром – последен пат виден во Сопиште

Fb img 1744993988932.jpg

Преку апел кој се споделува на социјалните мрежи се бара 84-годишниот Драган Јовевски, од Скопје, кој се претпоставува дека е изгубен во Аеродром по враќање со автобус.

Облечен е во тегет јакна шушкавец, на која го пишува контакт телефонот и адресата на живеење, носи и црвено капче. Последен пат е виден во Сопиште околу 13 часот.


“Драган Јовевски, 84 слаб подгрбавен, со црвено капче, тегет јакна, шушкавец на која пишува контакт број и адреса. Недослушува, последен пат виден во Сопиште кружниот тек околу 13.00 се претпоставува дека е изгубен во Аеродром по враќање со автобус. Доколку имате информации контактирајте на 071200217 Тања или пријавете во полиција”, стои во објавата на Фејсбук.

Можете да прочитате

Во четврток во Скопје дебата за одговорното сопствеништво на миленици

Скопје ќе се кити со 53.000 евра

Пронајден починат маж пред поликлиника Ченто