Утрински Весник
Македонија

Изгореа подрумските простории во кумановскиот суд, таму се чувала архивата

Изгореа подрумските простории во кумановскиот суд, таму се чувала архивата

Во пожар што избувнал во 1 часот и 35 минути по полноќ изгореa подрумските простории во зградата на Основниот суд Куманово. Таму се чува архивата на судот.

dobivaj vesti na viber

Пожарот се гасел со два камиони и седум пожарникари, соопштуваат од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК).

„ТППЕ Куманово бележи интервенција во текот на ноќта на опожарени простории на зградата на Основен Суд Куманово во 01,35 часот. Опожарен е подрумскиот дел на зградата каде се наоѓа архивата на судот. Единицата во текот на ноќта делуваше со два камиони и 7 пожарникари. Пожарот е локализиран, екипата е сеуште е на терен“, соопштува РЦУК.

Можете да прочитате

ОЈО бара снимки за националистичките скандирања во Куманово

Мицкоски утре на поставување камен темелник на спортска сала во Воената академија

Нови пожари низ Македонија, гори кај Ваксинце, Богомила, Милетино и Церово