47-метарската суперјахта „Атина“ се запали во саботата пред плажата во близина на градот Олбија на Сардинија. Во моментот на пожарот на бродот имало 16 лица, кои биле успешно евакуирани, пишува „Форбс“.
Видеото на крајбрежната стража покажува како поголемиот дел од јахтата завршила под морето, а порталот „Тудеј.ит“ пренесува дека потонала на длабочина од седум метри. Во нејзиниот резервоар имало околу 50.000 литри гориво, но засега не е забележано загадување на животната средина.
Порталот „Акденицерцег.тр“ наведува дека сопственик на јахтата е 53-годишниот турски претприемач Серкан Боранчили. Во моментот на пожарот бил на бродот. Неговата кариера е полна со разни успеси во областа на технологијата и претприемаштвото. Тој беше во одборот на компанијата за е-трговија GittiGidiyor, која некогаш беше купена од „Ибеј“.
Зад него стојат голем број други проекти, како што е страницата за споредба на цените Cimri и системот за плаќање iPara. Како инвеститор инвестирал и во неколку проекти. Апликацијата за испорака Getir што тој ја основа моментно е успешна во Турција и во странство.
„Атина“ е изградена во холандското бродоградилиште Хезен во 2008 година. До денес таа смени неколку имиња: „Еландес“, „Рааста“ и „Насеем“. При последната продажба во 2021 година постигна цена од 16,25 милиони евра.
YachtCharterFleet наведува дека нејзиното неделно изнајмување во летната сезона чини од 220.000 евра неделно плус трошоци. Може да прими 10 гости и 11 члена на екипажот.