Утрински Весник
Македонија

Изгласани измените на Законот за возила, се олеснува процесот на регистрирање

Avtomobili.webp.webp

Пратениците денеска на продолжението на 59. седница без расправа со 64 гласа „за“ без воздржани и против го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за возила, по скратена постапка.

Со законските измени се олеснува процесот на регистрирање на возилата, така што им се дава можност на станиците за технички преглед да даваат потврда за регистрирано возило, врз основа на претходно утврдени критериуми, која ќе се поистоветува со печатот во сообраќајната дозвола, како и тоа регистрацијата да се врши на цела територија на државата, а не како досега во близина на местото на живеење.


Пратениците, во попладневниот дел од 60. седницата ја завршија општата расправа по Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за полиција во прво читање и го проследија на второ читање на Комисијата за одбрана и безбедност и Законодавно правната комисија на Собранието.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, образложувајќи го Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за полиција, рече дека измените не се обемни, но се важни и претставуваат логично продолжение на новиот Закон за внатрешни работи и обезбедуваат усогласување со новиот концепт на организација и управување во полцијата

Можете да прочитате

Стојанов: Во име на парите и криминалот ни отидоа децата

Кривични пријави за три локали во Аеродром – точеле алкохол на малолетници

Мицкоски на пуштање во употреба на реконструираниот Регионален центар за средно стручно образование „Моша Пијаде” во Тетово