
Собранието на денешната 35. седница ги донесе измените и дополнувањата на Законот за заштита на потрошувачите, со коишто пратениците од власта очекуваат поголема транспарентност на цените во маркетите, подобрена конкуретност и намалување на цените.
Пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека овој закон се носи во насока на заштита на стандардот на граѓаните.
– Изненаден сум што на Комисијата за економски прашања немаше поднесено амандмани, иако некои од опозицијата го критикуваа овој закон дека нема да го даде резултатот што го очекуваат граѓаните. Се критикуваат законски решенија на Владата, но кога ќе дојде време за амандмани, не поднесуваат, рече Стојановски од собраниската говорница.
Истакна дека со поднесување на овие законски измени, одлучиле да одат во две насоки – да ги прифатат практиките што се подобри во западните држави и да ги земат мерките што досега се покажале добри во практика.
– Граѓаните сега ќе можат да одберат каде ќе ги трошат нивните пари бидејќи не е нормално да имаме цени во маркети кои се највисоки на балканско ниво, цени повисоки отколку што имаат членки на ЕУ, не е нормално. Сигурни сме дека во наредниот период ќе има намалување на цените што ќе биде прифатливо и за македонските граѓани, подвлече Стојановски.
Собранието на денешната 35. седница со двојно мнозинство ги донесе измените и дополнувањата на Законот за заштита на потрошувачи, со којшто пратениците од власта очекуваат поголема транспарен
Законот за заштита на потрошувачите претходно денеска беше разгледан и на собраниската Комисија за економски прашања. Со него, трговците на мало (малите, средните и големите) се обврзуваат да ги објавуваат цените на производите на своите веб страници за потрошувачите да бидат подобро информирани, а оние што имаат повеќе од еден продажен објект, да ги објавуваат цените на стоките поединечно, за секој свој продажен објект. Законските измени предвидуваат и глоби за трговците кои ќе постапат спротивно на одредбите од овој закон и на одредбите за овластувањата што ги имаат државните пазарни инспектори.
Од Министерството за економија и труд информираат дека министерот Бесар Дурмиши, неговиот заменик Марјан Ристески и директорот на Државниот пазарен инспекторат, Влатко Стојкоски, денеска ќе п
Ваков закон за заштита на потрошувачи минатата недела беше донесен и во Хрватска, според кој трговците во Хрватска ќе бидат обврзани редовно да ги објавуваат и ажурираат цените на сите нивни производи на нивните веб-страници и да овозможат непречен пристап до дигитални алатки кои ќе им даде на клиентите можност да ги споредуваат цените во реално време. Во Хрватска со измените на законот се пропишува и ограничувања на цените за клучните производи и услуги, како и јасно означување на производите со ограничени цени.
Собранието на денешната седница ги донесе и законските измени и дополнувања на Законот за минерални суровини, по скратена постапка. Измените се однесуваат на начинот на распределба на концесискиот надоместок за експлоатирана количина на минерална суровина.