Утрински Весник
Македонија

Изгаснати девет пожари на отворено

Pozhar 2.webp.webp

Во текот на вчерашниот ден имало девет пожари на отворено и неколку помали интервенции и сите се изгасени.

Тие биле во општините: Бутел, кај с. Љубoтен (запалена ниска вегетација); Сарај, покрај автопатот Скопје – Тетово (ниска вегетација); – Радовиш, кај с.Конче (депонија , стрништа и грмушки); Струмица кај с.Доброшинци (ниска вегетација); Кавадарци кај месноста „Танкото Патче“ (ниска вегетација); Свети Николе до градот (депонија и мал дел ниска вегетација); Пробиштип, кај с. Ратавица (земјоделска површина под житна култура, нискостеблести растенија и ниска вегетација) и во Општина Пробиштип кај с. Дреново (запалени нискостеблести растенија, ниска вегетација и лозје изгорена површина 3 Ха), информираа од Центарот за управување со кризи.

Можете да прочитате

Се транспортира предметот „Пулс“ до Основниот Кривичен суд Скопје

Во Светиниколско регистрирани два пожари

Пожарот кој вчера избувна во Грчиште сѐ уште не е ставен под контрола – има четири критични точки