Утрински Весник
Македонија

Изгаснат пожарот на депонијата „Краста“ во кумановско

20250724141251 big 730x400 54 e1753363292103.webp.webp

Изгаснат е пожарот на депонијата „Краста“ во Куманово, информираа денеска надлежните од ЈП „Чистота и Зеленило“. Пожарот избувнал утрово, и според првичните проценки станува збор за самозапалување.

– Пожарот избувнал во горниот дел од депонијата, веројатно од самозапалување. За два и пол часа, пожарот го санираа наши екипи со цистерна, со затрупување на земја. Помогнаа и општествено-одговорни компании, на кои им изразуваме благодарност, изјави директорот на претпријатието, Ненад Стојановски.


„Краста“ гореше и на 15 јули, годинава.

Депонијата „Краста“, лоцирана на регионалниот пат Куманово-Пчиња претходниве децении беше причина за негодување и револт на мештаните на Пчиња кои произведуваат раноградинарски производи. Преку проект, предвидено е депонијата да стане претоварна станица од каде ќе се изнесува сметот до најавената регионална депонија за североисточниот и источниот регион. Депонијата „Краста“ функционира од 1958 година и зафаќа површина од 12, 5 хектари. Тука се складира сметот на градот со над 100.000 жители. Дневно на депонијата се изнесува од 120 до 150 тони смет.

Можете да прочитате

Надлежните се борат со 11 активни пожари: Гори кај Прилеп, Македонски Брод, Штип

Хеликоптерите на МВР фрлија повеќе од 30 тони вода

МАКЕДОНИЈА КАКО ПОД САЧ: Температурите надминаа 43 степени