Утрински Весник
Македонија

Изгаснат пожарот кај Мршевци, активен е еден во Велешко, а четири се под контрола

Pozar 3.webp.webp

Во изминатото деноноќие се евидентирани 33 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, четити се под контрола, а 28 се изгаснати, соопшти узиутринава Центарот за управување со кризи.

Активен е пожарот кај село Нивичино во Општина Василево каде што годи нискостеблеста шума.


Под контрола се пожарите кај селата Џидимирци, Крушје и Иванковци во Општина Велес, кај Николич во Општина Дојран, помеѓу селата Црешнево, Локвица и Крапа, како и пожарот на градската депонија во Демир Хисар.

Изгаснати се 28 пожари, меѓу кои и кај селото Мршевци помеѓу Рафинерија и Индустриска зона Бунарџик во Општина Илинден. Пожарот кај Мршевци поради ветерот се прошири кон селото Бујковци и кон индустриската зона. Од огнот делумно беше зафатен покривот на црквата кај селото Мршевци.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Разликата меѓу Мицкоски и Филипче е небо и земја, не ја научија лекцијата предавана од народот

Од 45 до 500 евра изнесуваат казните преку „Безбеден град“

„Не се дишеше, беше пекол“ ново сведоштво за трагедијата во Кочани