Утрински Весник
Македонија

Изгасен и последниот активен пожар во државата

Pozhar 1.jpg

-Најавите за конечно воспоставување на соодветен систем за справување со кризи се добри, но само ако истите итно почнат да се спроведуваат и не се заборават со згаснувањето на пожарите, ова се првичните реакции на упатените кои сугерираат на потребата од национална стратегија наспроти досегашната пракса на ад хок решенија. Еден од горливите проблами кај нас е и недостигот на пожарникари, изјави за Канал 5, Владимир Симоновски – заменик командант на БППЗ – Скопје.

–Во делот на пожарството и во делот на пожарникарстовото се знае, недостатокот на луѓе, недостатокот на персонал кои што оперативно делуваат на секој потег, бројот на единиците кој што треба да се зголеми, сега согласно законот за пожарникарство што го имаме, актуелен, треба да се променат и бројките согласно новиот попис кој што е 2021 година, уште се дејствува по стариот попис од 2002 година така што во сите градови имаме зголемување на бројот пожарникари, а кај нас доаѓа недостатокот на пожарникари и на кадар кои што оперативно дејствуваат, додаде тој.

Од друга страна оние кои се бореа со огнот половина месец можат да здивнат, бидејќи го изгасија и последниот активен пожар во земјава. Сепак летото е пред нас, а со тоа и високите температури, па Симоновски смета дека е неопходна претпазливост, бидејќи состојбата може да се повтори…

–Никогаш не се исклучува можноста за пожари, никогаш не можеме да ги очекуваме или да бидат најавени пожарите на било која територија, така да и август месец е критичен во делот на шумски пожари и дел од септември, некаде до 15ти септември, се додека деновите се поголеми и се додека ноќта е потопла има шанси, рече Симоновски.

Управувачкиот комитет вчера донесе одлука владата да отпочне процес за целосна реформа на системот за управување со кризи..дел од предлозите се ЦУК и ДЗС со законски измени да бидат под една команда, но и да се формира специјална единица од 120 лица која прва ќе интевенира во време на кризи, а како приоритет е и закрепнувањето на Национални шуми кои се клучни во превенцијата на пожарите.

Можете да прочитате

Уништување на македонското знаме предизвика бурни реакции во јавноста

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје