Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Изет Меџити со Демократско движење се колне во Европа, но не му пречи знаме на „Голема Албанија“

Изет Меџити со Демократско движење се колне во Европа, но не му пречи знаме на „Голема Албанија“
300x250 opst2

Демократското движење денеска го одржа Основачкото собрание на кое за негов претседател едногласно беше избран пратеникот Изет Меџити.

dobivaj vesti na viber

„Политичката партија Демократско Движење беше официјализирана на 22-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор и во присуство на илјадници граѓани кои дојдоа од целата територија на Северна Македонија на основачкото Собрание“, велат од Демократско движење.

– Во мое име и со Ваше одобрение, би сакал да ја понудам нашата заедничка вистина. Не не донесе инаетот овде, туку свеста. Не нè донесе алчноста, туку нè инспирираше волјата. Не се соединивме за да бидеме против, туку за да бидеме водачи. Не се собравме поради гнев, туку поради ентузијазам. Не се движевме од лична инерција, туку од определба да ги придвижиме работите напред, за општо добро преку личен придонес, – рече во својот говор претседателот на Демократското Движење, Изет Меџити.

Меџити се осврна на стремежите на Албанците во осумдесеттите години години во СФРЈ и во деведесеттите години во независна Македонија, но рече дека „сега се потребни други жртвувања“ па како „жртвување“ го посочи почитувањето на законите и искоренувањето на непотизмот, како и меритократијата.

Меџити денеска зборуваше за европските вредности на неговата нова партија, но не се осврна на веењето знаме на „Голема Албанија“ на настан на кој и тој присуствуваше, а кој нема допирни точки со Европската Унија, европските вредности и Европејците какви што ги повика своите членови да бидат.

 

Можете да прочитате

Денеска ново рочиште за случајот „Онкологија“

Од 9 до 11 октомври денови на словенечки филм во Кинотека

Антициклон над источна и североисточна Европа е виновникот за ладното време кај нас