
Првиот заменик претседател на Владата и лидер на Демократското движење, Изет Меџити смета дека спојувањето на четирите албански политички партии не е нова идеја. Тој е дециден дека Арбен Таравари, бил информиран за ова. Истовремено, посочува дека спојувањето на партиите во Вреди се случува за целиот минат период.
„Таравари е информиран за ова. Идејата за спојување на Вреди е од почеток. Чекавме соодветен момент за усогласување на структурите, идеите, програмите, за Вреди да стане еден субјект. Овој процес на спојување, делумно, го почнавме лани. Ние имаме кадровска комисија која се составува од Таравари и сите три други субјекти. Исто така организирањето на ПР е заедничко – значи дека е почнато спојувањето на Вреди. Но ако Таравари мисли дека може да има две опции за да се излезе со јасна визија, ние мислиме дека е време да одиме кон унифицирање, кон градење на Вреди како еден субјект. Добивме 107.000 гласови“, рече Таравари.
Тој порача: „Јас Таравари го гледам како дел од Вреди, само барам да ги прекине преговорите со ДУИ. Нема смисла преговори со ДУИ и дел од Вреди. Изјавите дека ако не се договори со Вреди, дека ќе оди сам, а некаде ќе соработува со ДУИ, некаде со Вреди – тоа го нема во политичката теорија, а не пак во пракса. Тоа значи пример во Сарај ќе се тепаме, во друга општина да барам од членството да го поддржат Таравари“.