Утрински Весник
Свет

Издаден налог за апсење на Нетанјаху за воени злосторства во Газа

Netanjahu.jpg

Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на водачот на Хамас Јахја Синвар и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху под обвинение за воени злосторства и злосторства против човештвото поради нападот врз Израел на 7 октомври и последователната војна во Газа, изјави главниот обвинител на судот Карим Кан во ексклузивно интервју со Кристијан Аманпур од Си-ен-ен.

Кан рече дека Меѓународниот кривичен суд бара и налози за израелскиот министер за одбрана Јоав Галант, како и за двајца други врвни водачи на Хамас – Мохамед Диаб Ибрахим ал-Масри, шеф на бригадите Ал Касем и познат како Мохамед Деиф и Исмаил Ханије, политичкиот лидер на Хамас.

Ова е првпат овој суд да издаде налог за апсење на близок сојузник на САД. Одлуката го става Нетанјаху во друштво на рускиот претседател Владимир Путин, кој има налог за апсење издаден од МКС поради војната на Русија против Украина.

Панел од судии на МКС сега ќе го разгледа барањето на Кан за налог за апсење.

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk