Утрински Весник
Македонија

Избрани составите на буџетскиот совет на Собранието и Советот на Собранискиот канал

D0b0d0bad0be D0bdd0b5d0bcd0b0 80 D0bfd180d0b0d182d0b5d0bdd0b8d186d0b8 D0bdd0b5 D0b2d180d0b5d0b4d0b8 D0b4d0b0 D181d0b5 D0bfd180d0bed188 63cd8bcb75777.jpeg

На денешната, петта седница, Собранието ги избра составите на Буџетскиот совет на Собранието и на Советот на Собранискиот канал.

За претседател на Буџетскиот совет на Собранието на Република Северна Македонија е избран Антонијо Милошоски, потпретседател на Собранието, а за заменик-претседател Сања Лукаревска, претседател на Комисијата за финансирање и буџет. Членови на Буџетскиот совет се избраа пратениците – Бојан Стојаноски, Ели Панова, Игор Здравковски, Лидија Петковска, Халил Снопче, Фатмир Битиќи, Ељми Азири, Илир Хасани и Борислав Крмов.

За претседател на Советот на Собранискиот канал е избран Јован Митревски, актуелен потпретседател на Собранието. За членови на Советот на Собранискиот канал се избраа пратениците – Ели Панова, Марија Митева, Благица Ласовска, Санарда Имери-Стафаи, Аднан Азизи, Бобан Карапејовски, Горан Мисовски, Даниела Николова, Дијана Тоска и Илир Демири. За заменици-членови на Советот на Собранискиот канал се избраа пратениците – Љупчо Пренџов, Тони Јаревски, Драгана Арсова, Имрлије Салиу-Фетаи, Садик Сулејмани, Даниела Белимова, Митко Белимова, Митко Трајчулески, Бисера Костадиновска Стојчевска, Рина Ајдари и Сали Мурати.

Во рамки на денешната пленарна седница беше потврдена оставката на Сеат Личина поднесена на 23 април 2024 година од функцијата член на Регулаторната комисија за домување. Исто така, на оваа седница беше констатиран престанок на мандатот на Валентина Димовска од функцијата на Државниот совет за превенција на детско претстапништво заради исполнување на условите за старосна пензија.

Можете да прочитате

Јаневска на средба со раководството на СОНК: Повисоки плати и подобри услови за работа се приоритет

Плетнати кровови, паднати дрва, скинати проводници, поплавени куќи по невремето во Скопската котлина

Група од петмина со пиштол, нож и тупаници нападнале тројца малолетници во Скопје – родителите се сомневаат дека инцидентот има етничка позадина