Утрински Весник
Македонија

Избрани нови членови на МАНУ

Img 0702.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

На 21-то Изборно собрание на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), што се одржа денеска се избрани двајца редовни членови, осум дописни членови, четири членови надвор од работниот состав и двајца почесни членови.

МАНУ соопшти дека за нејзини редовни членови се избрани дописните членови Изет Зеќири и Блажо Боев. За дописни членови се избрани проф. д-р Гордана Лажетиќ во Одделението за општествени науки, проф. д-р Мирко Тодоровски и проф. д-р Димитар Трајанов во Одделението за технички науки, проф. д-р Александар Узунов во Одделението за природно-математички и биотехнички науки, проф. Жарко Башески, проф. Невзат Бејтули, проф. д-р Драган Даутовски и проф. д-р Ивица (Иван) Џепаровски во Одделението за уметност.

За членови надвор од работниот состав се избрани проф. д-р Стојко Стојков од Одделението за општествени науки, проф. д-р Светлана Мојсов од Одделението за медицински науки, проф. д-р Гордан Караман од Одделението за природно-математички и биотехнички науки и проф. д-р Сибила Петлевски од Одделението за уметност.

За почесни членови на МАНУ се избрани проф. д-р Трајче Стафилов во Одделението за природно-математички и биотехнички науки и проф. д-р Владо Поповски во Одделението за општествени науки.

Од Академијата и раководството изразуваат големо задоволство од квалитетот на новоизбраните членови и им посакуваат продолжување на успешната работа во насока на унапредување на науките и уметностите.

Со нивниот избор се зајакнува работниот карактер, како и капацитетот на МАНУ да придонесе кон дефинирање на стратешките насоки за развојот на државата. Со успешното завршување на 21-то Изборно собрание на МАНУ се заокружува изборниот процес што започна на почетокот од оваа година, што сведочи за вниманието и сериозноста со кои се пристапува кон изборите на нови членови во највисоката научна институција во нашата држава – стои во соопштението од Академијата.

Можете да прочитате

Постуден јануари со можни снежни бранови низ регионот

Пијан таксист вечерва прегазил млада девојка во Кисела Вода

Експлозија на електричен бојлер повреди маж во Свети Николе