Утрински Весник
Македонија

Изборот на новата влада следниот викенд

Vlada 183439.jpg

Идниот викенд Собранието ќе гласа за избор на новата влада, предводена од Христијан Мицкоски, а веќе во понеделник, на 24 јуни, новите министри ќе седнат во фотелјите на „Илинденска“, брифираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Првичниот план Македонија да добие нова влада помеѓу верските празници Курбан Бајрам и Задушница, односно на 20 јуни, се помести за 24 јуни, за да имаат пратениците време од неколку денови да ги разгледаат програмата и кадровскиот состав на новиот владин кабинет.

Се планираше мандатарот Мицкоски да ги достави до Собранието програмата и листата со министри во понеделник, претседателот на Собранието Африм Гаши веднаш за следниот ден да ја закаже седницата и владата да се гласа во среда, а во четврток да биде примопредавањето на функциите.

За да се избегнат критиките од опозицијата дека пратениците ќе немаат време да ја разгледаат владината програма и биографиите на министрите, одлучено е предлогот за нова влада да го достават до Собранието во вторник.

Можете да прочитате

Вечерва земјотрес почувствуван во западна Македонија, епицентарот во Грција

Авион од Дубаи со евакуирани македонски државјани слета во Скопје

Внатрешна контрола на МВР испитува полицијци кои постапувале во десет пријави за насилство кај Јовановски