Утрински Весник
Македонија

Избор за „Жена на годината“

20241213073257 Big 730x400 5.webp.webp

По 5-ти пат денеска ќе се одржи националниот избор за „Жена на годината“ во Македонија (www.zenanagodinata.mk), во кој со свои номинации годинава учествуваа дури 437 интернет корисници. За финалистките од секоја категорија потоа гласаше жири комисија составена од претставници од медиуми, образовни институции и истражувачки агенции.

Организаторите на националниот избор, Маркетинг365 и Касиа Евентс, најавија дека покрај главниот лауреат за Жена на годината, ќе бидат избрани уште девет победнички во различни категории: во културата, спортот, науката, жена менаџер, млада менаџерка, инфлуенсерка, жена со трајни вредности, жена со придонес за општеството и жена со најдобар стил.


Свечената церемонија од изборот за „Жена на годината”, традиционално се надоврзува на конференцијата „Жени претприемачки” во која се велича претприемачкиот дух, посветеноста и достигнувањата на жените од нашата земја.

Конференцискиот дел на настанот кој ќе се одржи во Музеј на македонската борба во Скопје, ќе вклучи и предавања на истакнати жени од повеќе области и панел дискусија со наслов „Како жените си подаваат рака во бизнисот”.

Можете да прочитате

СДСМ: 180 илјади евра за бадеми и лешници, Владата нема пари да ги покачи платите, а се луксузира на грбот на народот

ДИК ќе одржи жрепка за утврдување на единствена листа на кандидати за Локалните избори 2025

48-мо издание на фестивалот „Денови на македонска музика”