Утрински Весник
Свет

Изјавите на украинските власти се монструозни, смета портпаролот на Путин

Песков му порача на Зеленски: Русија и Путин постојат и ќе постојат

Изјавите на украинските власти за нивната подготвеност да „убијат Руси ширум светот“ уште еднаш потврдуваат дека одлуката на Путин е исправна, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој, како што се наведува, мисли на одлуката на рускиот претседател да започне „специјална воена операција“ во Украина.

dobivaj vesti na viber

Портпаролот на Кремљ додаде дека руските специјални служби ќе ги земат предвид тие изјави и ќе ги преземат сите неопходни мерки во овој поглед, пренесува Тасс.

Агенцијата потсетува дека шефот на Украинската разузнавачка служба на Министерството за одбрана на Украина, Кирил Буданов изјавил дека украинските војници „убивале и ќе убиваат Руси каде било во светот до целосна победа на Украина“.

Песков оцени дека Киев не само што стана спонзор, туку и, како што рече, директен организатор на терористички акти.

„Ова е навистина монструозна изјава. Оваа изјава и она што го кажа господинот Буданов е директна потврда дека режимот во Киев не само што спонзорира терористички активности, туку е и директен организатор на таа активност. Оваа изјава открива уште една многу важна карактеристика на киевскиот режим“, рече Песков.

Можете да прочитате

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната