Утрински Весник
Македонија

Ивона Талевска по 25 години ја напушта Сител и повторно застанува пред ТВ екраните

20170817104035.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Новинарката, уредник и TВ водител на дневникот на Сител, Ивона Талевска по 25 години се реши и официјално да ја напушти телевизија Сител.

Изминативе 8 години таа работеше само позади камерите, но од сега по се изгледа се враќа на ТВ екраните.

„Од денес, по точно 25 години, не сум веќе во Сител. Наскоро се гледаме од ТВ Алфа, единствената македонска телевизија со европски капитал, со истиот ентузијазам и со истата љубов која ја имам кон својата публика“ – споделила Талевска на својот Фејсбук профил.

Како што пишува порталот Информа, во ТВ Алфа Ивона Талевска ќе биде уредник-водител. Тоа е она што засега се знае за нејзиниот телевизиски трансфер, иако во новинарските кулоари веќе тргнаа шпекулациите дека е можно наскоро да ја преземе и функцијата уредник на информативната програма, па и главен и одговорен уредник на телевизијата.

Инаку Ивона Талевска последниве години е и претседател на Македонската асоцијација на новинари (МАН).

Можете да прочитате

Скопјанка тешко повредена, при нагло кочење паднала во автобус

Андоновски: „Дигиталната трансформација мора да биде достапна за сите“ – промоција на е-Киоск терминалите и е-Сандаче

Првообвинетиот за убиството на турскиот државјанин во Штип призна вина