Утрински Весник
Спорт

Ивановски ќе се бори за титулата во Крамсах

Ивановски ќе се бори за титулата во Крамсах

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски (331 на АТП листата) ќе се бори за титулата на фјучрсот во Крамсах, Австрија. За Ивановски ова е петто финале од почетокот на годината.

dobivaj vesti na viber

Калин Ивановски, како втор носител во Крамсах, во полуфиналето го победи францускиот тенисер Матис Ерар.
Ивановски го загуби првиот сет на турнирот, но со пресврт успеа да слави. Мечот кој траеше два часа и 15 минути, макеоднскиот тенисер го доби со 4:6, 6:2, 6:2.

Во финалето противник на Ивановски ќе биде му Џерар Кампана Ли од Јужна Кореја, кој во два сета го победи првиот носител на турнирот, Американецот Оливер Крафорд.

Можете да прочитате

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026

Скопје домаќин на олимписки G1 таеквондо спектакл

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026