Утрински Весник
Македонија

Ивановска: Не треба да се зголемат надлежностите туку капацитетите на антикорупциската комисија

Ивановска: Не треба да се зголемат надлежностите туку капацитетите на антикорупциската комисија

Државната комисија за спречување корупција не сака зголемени надлежности со кои ќе може да апси и спроведува истраги. Претседателката Билјана Ивановска посочува дека ќе биде доволно само да се зголемат нивните капацитети за да можат побрзо и подобро да одговорат на сите предмети кои ги имаат. Според неа, работата на ДКСК оди во подобар правец откако е таа на чело на институцијата.

dobivaj vesti na viber

„Работите многу се променија во изминативе четири години, оставивме печат, горди сме. Нашиот труд го препозна ЕК, ја поправивме негативната оценка, добивме позитивна оценка. Но во борбата не можеме да бидеме сами. Институциите треба да постапуваат. Една птица не ја носи пролетта, цело е кога има сè. Системот функционира кога функционираат сите делови“, кажа Билјана Ивановска, претседателка на ДКСК.

Децидна е дека има партизираност на системот и посочува: „Кога ја подготвувавме Националната стратегија за борба против корупција, ризикот од политичко влијание излезе најголем. Дадовме сугестии да се надмине“.

„Ако го погледнете нашиот закон, ние сме превентивно тело. Не постапуваме понатаму. Соред мене, треба да се зголемат надлежностите туку капацитетите на институцијата“, додаде Ивановска.

Можете да прочитате

Пенка Мукаетова именувана за нов потпретседател на Сојузот на стопански комори на Македонија

ЦУК преку СМС порака известува за кризната состојба прогласена за пожарите

Околу половина час се чека за влез во земјава на Табановце