Утрински Весник
Магазин

Ивана Југ со емотивен статус по смртта на уште еден од осудените за 27 април

Img 0416.jpeg
Dik 300x250 mk

Ивана Југ, сопругата на починатиот Игор Југ — еден од осудените за настаните во Собранието на 27 април 2017 година — денеска упати длабоко емотивна порака на социјалните мрежи по веста за смртта на Кире Ѓорѓиевски, кој исто така беше осуден во истиот предмет и почина во штипскиот затвор.

Во својата објава, Ивана потсети дека и нејзиниот сопруг не ја дочекал правдата, изразувајќи болка што, како што напиша, „истата неправда повторно зема живот“.


„Со длабока болка и искрено сочувство. Ноќеска не напушти Кире — уште еден од осудените во истото политичко дело во кое беше осуден и мојот сопруг. Судбината, за жал, повторно ја отвори раната. Истата приказна, истата неправда, истата тишина зад затворските ѕидови што зема животи пред вистината да излезе на виделина,“ напиша Ивана Југ.

Таа додаде дека добро го разбира болот на семејството на Ѓорѓиевски, бидејќи и самата поминала низ слична судбина.

„Сега, кога слушам дека и Кире го заврши својот живот во истите околности, срцето ми се кине — затоа што знам што значи тоа. Знам што значи да изгубиш човек зад решетки, во тишина, без правда, без мир,“ напиша таа.

Ивана Југ изрази сочувство до семејството на Ѓорѓиевски, нагласувајќи дека „вистината не умира — само чека некој да ја чуе“.

„Нека Господ им даде сила да издржат во овие тешки моменти, како што секој ден ние се бориме да го носиме споменот за нашите најмили. Нека почива во мир, а вистината нека најде пат до светлината. Почивај во мир, Кире! Во вечен спомен на Игор — и на сите кои неправдата ги одзеде предвреме.“

Смртта на Кире Ѓорѓиевски ја потресе јавноста, а неговото заминување повторно ја отвори темата за условите во македонските затвори и судбината на осудените за 27 април, меѓу кои повеќемина во изминатите години пријавиле влошено здравје и притисоци.

Можете да прочитате

Мики Секуловски за инцидентот на Цеца: Можеби требаше порано да изреагирам, но не бев свесен дека се работи за знаме, кога видов веднаш го тргнав (ВИДЕО)

Проблематични комбинации: Еве што не смеете да пиете со кафе

Трик на домаќинките за најдобра кисела зелка