Утрински Весник
Македонија

Ивана имаше модринки по телото, а за деталите за тепањето дознав од внуката Катја, сведочеше мајката на Ивана

Stojancetft.jpg

Љубица Стојаноска, мајката на Ивана која се самоуби под притисок тепање и закани од сопругот Стојанче Јовановски беше првиот сведок со исказ пред судот денеска.

„Ја гледав Ивана модра по рацете, еднаш и со модро око, таа ми рече паднала од тротинет. Еднаш зетот ми се јави ноќе, Катја беше мала: ‘Тетка Љубица дојди да си ја земеш ќерка ти Ивана курвата!’ За 10 минути отидов кај нив ноќе во 1 часот. Беше многу жешко и спарно. Тој шеташе нервозно, Ивана беше многу вознемирена, ја гушкаше Катја. Беше многу лут. Ми рече збор што не можам да го кажам, еднаш го кажав само на обвинителката. Беше толку револтиран, ми кажа дека моја Ивана, твојата ќерка бара поголем да ја задоволи, а јас никогаш не го ставив кај друга жена. Покажа со раката долу, меѓу нозете”, кажуваше мајката низ што поминувала Ивана.


Таа посочи и дека го пријавила Стојанче во полицијата, екипа на полицијата дошла, но брзо си заминала.

„Ајде смирете се, нека биде сѐ во ред”, рекле од полицијата и си заминале.

Потоа Љубица кажа дека често ја гледала својата ќерка со модринки, а детали за тепањето дознала од својата внука Катја.

„Се сомневав дека е тепана, ама Ивана не ми признаваше. ‘Ќе биде мамо во ред’, ми велеше кога ја прашував. А зетот никогаш не го прашав. Од Катја дознавав: ‘Бабо јас ќе ти кажам, ама не ѝ кажувај на мама. Мама вака чучнуваше доле, а тато ја шутираше. Вака горе ги ставаше мама рацете’. ‘Тато на мама ѝ вика курво, курвиште, дроља’. “, сведочеше Љубица.

Во моментот трае пауза, по што сведочењето продолжува

Можете да прочитате

ВМРО:ДПМНЕ: Европската идеја е жива и ние достоинствено ќе ја браниме

Филипче: ВМРО-ОКГ е тројански коњ, а Мицкоски проруски играч

Песна за „Голема Албанија“ емитувана на МТВ 2