Утрински Весник
Спорт

Италијанскиот тренер Џовани Валенти стартуваше со работа во Брера Струмица

Италијанскиот тренер Џовани Валенти стартуваше со работа во Брера Струмица

Македонскиот прволигаш Брера Струмица ги стартуваше подготовките за новата сезона. Тимот ќе го предводи Италијанецот Џовано Валенти кој денеска ја изврши првата прозивка и тренинг со фудбалерите на на комплексот СРЦ „Пандев“ .

dobivaj vesti na viber

Станува збор 47 годишен тренер кој дојде од младинскиот погон на Парма, а има работено и со младинските категории на Јувентус, Бреша и на Милан. Валенти беше и две години помошник тренер на младинските репрезентации на Италија до 19 и 20 години.

За негов помошник ангажиран е 56-годишниот Микеле Кавали кој во својата кариера има работено во Шахтјор, Сасуоло и во Јувентус. Тренер на голманите на сениорскиот тим е Алесандро Пегорари кој работеше со младинските категории во Парма.

,„Ќе дадеме сѐ од себе за да ја донесеме овде нашата идеја, нашата филозофија. Сакаме да се игра добар фудбал, добар стил на фудбал. Ние сме млад тим имаме доста млади играчи, но тоа ми се допаѓа и најважната работа во моментот е да им се помогне да пораснат, да се подобрат и потоа да видиме што може да се направи за да ги вклучиме во првиот тим“, истакна Валенти во својата прва изјава во Струмица.

Брера Струмица пред почетокот на новата сезона го ангажираше дефанзивецот Стефан Наумчевски.

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност